Швајцарската полицијата вели дека се случила „мала“ експлозија во хотел во Давос каде светските лидери се собраа на форум за глобалните економски предизвици.
Властите наведуваат и дека експлозијата во Моросани постхотел е од „непознато потекло“, како и дека нема повредени. Била причинета мала материјална штета.
Светскиот економски форум во својата изјава наведува дека експлозијата била причинета од петарда.
Политичари и деловни лидери од целиот свет се собраа во швајцарското одморалиште Давос за да дискутираат за владините финансиски кризи и економиите во подем.