Линкови за пристапност

Далај Лама поднесе oфицијално барање за повлекување од функцијата


Далај Лама поднесе oфицијално барање за повлекување од функцијата
Далај Лама поднесе oфицијално барање за повлекување од функцијата

Духовниот лидер на Тибетанците смета дека е време нова генерација да ја промовира тибетската кауза

Тибетскиот парламент во егзил со седиште во северна Индија, започна важна седница на која треба да дискутира за барањето на Далај Лама за повлекување од функцијата на политички водач на тибетското движење.

На почетокот од седницата на Парламентот во егзил во северниот индиски град Дарамсала, спикерот го прочита формалното барање од Далај Лама да се откаже од неговата улога како политички лидер.

75-годишниот духовен водач рече дека „ако мораме да останеме во егзил уште неколку децении, ќе дојде време кога нема да можам да обезбедам лидерство“. Тој ја подвлече важноста од основање на стабилен систем на управување. Тој рече дека сака тибетанската администрација да се потпира самата на себе си.

Далај Лама кој се залага за автомонија на Тибет во рамки на Кина, ја шири каузата на Тибетанците во егзил, откако замина од татковината пред повеќе од половина век.

Портпаролот на тибетанската влада во егзил, Тубтен Самфел, вели дека членовите на Парламентот ќе го разгледаат барањето на Далај Лама, по расправата:

“Спикерот на Парламентот на секој пратеник му овозможи увид во писмената изјава на духовниот водач, за да размисли за неговата порака. Откако Парламентот повторно ќе се состане во вторник, тие ќе можат суштенски да расправаат по барањето.“

Откако Далај Лама ја најави одлуката, Парламентот побара од него уште еднаш да размисли за барањето.

Но, откако го објави своето барање спроти гласањето за избор на нов премиер на администрацијата во егзил, Далај Лама се чини дека е уверен во потребата од трансфер на политичката власт на нова генерација тибетански лидери.

Овие избори се очекува да бидат од голема важност, затоа што ако биде прифатено барањето од Далај Лама, новиот премиер ќе ги носи политичките одлуки во име на тибетската кауза.

Тројца кандидати кои се најсериозни наследници на Далај Лама: Лобсанг Сангај, професор на правниот факултет при Харвард, Тензин Тетхонг, поранешен претставник на Далај Лама во Њујорк и во Вашингтон, и Таша Вангди, кој вршеше функции во неколку оддели на владата во егзил.

Далај Лама, кој ја стави тибетската кауза на светската мапа, рече дека ќе продолжи да работи за Тибет.

XS
SM
MD
LG