Линкови за пристапност

Далај Лама се сретна со конгресните лидери


Далај Лама се сретна со конгресните лидери
Далај Лама се сретна со конгресните лидери

Дала Лама кажа дека сакал лично да објасни зошто ја напуштил политичката функција порано годинава

Далај Лама се сретна со неколку американски законодавци во првата посета на САД откако се повлече од функцијата како политички лидер на тибетската влада во егзил. Тој наиде на топол пречек кај демократите и републиканците.

Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер видно возбуден од средбата, рече дека Америка долги години имала силна врска со Далај Лама:

„Каде и да оди, Далај Лама е немотно посветен на вредностите кои сите ги негуваме“, рече Бонер.

Лидерот на демократите во Конгресот, Ненси Пелоси е долгогодишен поддржувач на културните и духовни права на тибетанскиот народ:

„Горда сум што се обидинивме во Конгресот во многу наврати за да му оддадеме почит на Неговата Светост“, рече Пелоси.

Далај Лама рече дека сака лично да им објасни на американските законодавци зошто се повлекува од политичката функција и лидерството на владата на Талебан во егзил.

„Верувам дека држави, кои ги водат кралеви или кралици или религиозен лидер – се надмината работа, всушност, религиозните и политичките институции мора да бидат одделени“.

Тој рече дека чувствува дека е време да се повлече, затоа што бројни членови од тибетската влада се подготвени да ја водат заедницата:

„Нашата мала заедница во егзил е целосна демократска институција. На тоа сме многу горди“.

Некои републиканци го критикуваа претседателот Обама дека не организирал средба со Далај Лама за време на неговиот престој во Вашингтон. Тибетскиот духовен лидер е во главниот град на САД во 11 дневна посета и учество во групен медитирачки ритуал. Лани средбата меѓу Лама и Обама во Белата куќа, која немаше голем медиумски публицитет, ја разлути кинеската влада. Аналитичарите велат дека претседателот Обама можеби ќе има церемонијална средба далеку од камерите со Далај Лама пред да замине од земјата.

XS
SM
MD
LG