Линкови за пристапност

Кина е против официјални средби на Далај Лама во САД


Кина е против официјални средби на Далај Лама во САД
Кина е против официјални средби на Далај Лама во САД

Спиритуалниот лидер на Тибет е во Вашингтон на 11-дневен ритуал на медитирање

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи рече дека Кина е против било какви „охрабрувачки активности на странски влади кои имаат цел „поделба на татковината“. Кина го обвинува Далај Лама дека се залага за отцепување на Тибет од Кина.

Тибетскиот духовен водач на прославата на 76-от роденден во средата рече дека е горд со применувањето во пракса на неговото верување за одвојување на религијата од политиката. Во март, тој поднесе оставка на функцијата политички лидер на тибетската влада во егзил во Индија.

Стејт департментот објави дека ќе имаат средба со Далај Лама на која ќе дискутираат за американската поддршка за Тибет. На неговата агенда има и средби со виши американски политичари.

Нема најава за формална средба со претседателот Обама.

Нивната минатогодишна средба во Белата куќа, која мина без голем медиумски публицитет, ја разлути Кина, но аналитичарите сметаат дека Обама најверојатно ќе има приватна церемонијална средба со тибетскиот духовен лидер.

Далај Лама пристигна во главниот град на САД за ритуалот калачакра, кој за прв пат ќе се одржи во Вашингтон. Деновите на медитации и учења имаат цел да инспирираат внатрешен мир кај следбениците како средство за намалување на конфликтите во светот.

XS
SM
MD
LG