Линкови за пристапност

Цирих – најскап град на светот


Цирих – најскап град на светот
Цирих – најскап град на светот

Го мина Токио; најефтино во Карачи, Мумбаи, Техеран, Њу Делхи, Џеда и Панама Сити.

Цирих стана најскап град на светот, преземајќи ја неславната титула од Токио, според истражувањето на независната истражувачка организација Економист интелиџенс јунит.

Цирих претходно беше на четвртото место, а ова е по првпат во речиси две децении да се најде на првото. Статусот на швајцарскиот франк минатата година причинил потрошувачките добра да станат поскапи во Цирих, наведува организацијата.

Истражувањето ги зема предвид цените на храната, превозот, комуналните услуги, образоавнието, и слично. Користејќи ги трошоците на живеење во Њујорк како параметар, во Цирих е поскапо за 70%, а во Токио 66%.

Третото место го делат Женева и Осака. Меѓу првите десет нема ниту еден град од САД. Њујорк е на 47-то место, а најефтино е да се живее во Карачи, Мумбаи, Техеран, Њу Делхи, Џеда и Панама Сити.

XS
SM
MD
LG