Линкови за пристапност

Незадоволство од работата на Конгресот


Незадоволство од работата на Конгресот
Незадоволство од работата на Конгресот

Рејтингот на најниско ниво досега

Неуспехот на двопартиската конгресна комисија да постигне согласност за решавање со проблемот со дефицитот во САД, за многумина Американци, не беше изненадување. Најновото истражување на јавното мислење покажува дека рејтигот на Конгресот е на најниско ниво досега, на само девет проценти.

Што мислат по прашањето некои жители од Хјустон, Тексас?

Нискиот рејтинг на Конгресот не е изненадување за многумина анкетирани во Хјустон. Повеќето го делат мислењето на овој човек –

„Членовите на Конгресот треба да бидат заменети, сите до еден“, изјави еден гласач.

Како би го направиле тоа?

„Не гласајте за нив следниот пат. Гласајте за некој друг“, вели еден анкетиран.

Некои пак, како ова лице, кој се претстави како Тим, изгубиле комплетна доверба во американскиот политички систем.

Гласаме за одредени луѓе, но кога ќе заминат во Вашингтон, влегуваат во нормалната бирократија за тој град што практично заробува секого.

Британи, млада мајка, изјави дека Конгресот и претседателот Барак Обама ја разочарале и направиле да биде загрижена за иднината на нејзиното дете.

Доколку ни кажете нешто, очекуваме да го исполните ветеното, особено кога имате толкава моќ во свои раце. Што се однесува до Конгресот, се надевам дека наместо да бидат бесполезни, ќе сторат нешто за доброто на сите.

„Окупирај го Хјустон“ е група со критички став спрема американската влада и финансискиот систем, а нејзини членови изминатиов месец кампуваа во градскиот парк.

Шеир Дор волонтира во движењето и го поддржува бидејќи, како што вели, големите корпорации држат во залог голем дел од Конгресот и ги спречуават политичките партии да работат кон компромис.

Мојот проблем со Конгресот е што тој е во ќорсокак. Не постои двопартиски систем, туку има многу политички игри на грбот на американскиот народ.

Но, дел од проблемот можно е да биде и недостатокот на ангажман од страна на граѓаните.

Многумина, како оваа жена, велат дека не обрнуваат доволно внимание на политиката и не излегуваат на гласање кога има избори, на што некои експерти додаваат дека нискиот рејтинг на Конгресот можно е да е резултат на се` поголемата апатија меѓу американските гласачи.

XS
SM
MD
LG