Американскиот Сенат ја усвои привремената мерка со која во рок од наредните две недели е избегнато затворање на федералната влада поради исцрпување на одобрените буџетски средства, а законодавците добија во време да постигнат договор за владиниот буџет.
Истата мерка претходно ја изгласа Претставничкиот дом на вчерашна седница. Средствата за непречено владино работење истекуваа овој петок.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид пред сенатското гласање рече дека мерката ќе овозможи веднаш да продолжат преговорите за усвојување на буџетот за до крајот на оваа фискална година, што истекува на 30-ти септември.