Линкови за пристапност

Во Конгресот се бие тешка битката за буџетскиот дефицит


Во Конгресот се бие тешка битката за буџетскиот дефицит
Во Конгресот се бие тешка битката за буџетскиот дефицит

Откако претседателот Барак Обама во годишното обраќање за состојбата на нацијата вторникот повика на меѓупартиска соработка во справувањето со растечкиот национален долг и буџетски дефицит, демократските и републиканските законодавци разменија не чекаа многу за да разменат обвинувања за фискална неодговорност. Партиите понудија спротивни планови за намалување на федералниот дефицит од 1,5 трилиони долари.

Една од клучните реченици во обраќањето на Обаме беше дека партиите „или ќе тргнат напред заедно, или воопшто нема да тргнат никаде“.

Помалку од 24 часа подоцна, сенаторите од обете партии, почнаа со обвинувања.

„Во време кога претседателот во Конгресот повика на инвестирање во образованието, иновациите и обновата, републиканците продолжуваат да притискаат за буџетски план кој повикува на десеткување и стагнација. Тие веруваат дека како и да трошите – тоа е непотребно. Кога станува збор за буџетските трошења, тоа е погрешно размислување“, рече демократот од Илиноис Ричард Дурбин.

Републиканците, пак, тврдат дека демократите дека ги водат САД на пат на фискално самоубиство и економско пропаѓање.

„Претседателот говореше за опасноста од високата задолженост и неговата заложба да се намали. Но, делата говорат повеќе од зборовите. Тој, за жал, ја повтори заложбата да трошиме повеќе пари - што ги немаме - за таканаречени инвестиции“ кажа републиканскиот сенатор Орин Хатч од Јута.

Ваквите ставови ја одразуваат неколкудецениската идеолошка поделба во американската политика меѓу оние кои ја гледаат владата како незаменлива во промовирање и проширување на економскиот напредок, и оние кои гледаат на неа како на скапо и непотребно оптоварување на слободното претприемништво.

Демократите велат дека ако репупликанците се сериозни за намалување на буџетскиот дефицит, треба да запрат да се противат на зголемување на даноците за богатите и да поддржат јавни трошоци во одредени области за да се зајакне економијата.

Републиканците возвраќаат дека даночните зголемувања негативно се одразуваат врз малите бизниси и дека Конгресот секогаш наоѓа начин да потроши нови средства, отколку да се насочи нан намалување на буџетскиот дефицит.

XS
SM
MD
LG