Претставничкиот дом на САД усвои привремена мерка со која се финансира работата на владата, но во неа не е вклучено финансирањето на законот за здравствена заштита на претседателот Обама.
Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците, во петокот гласаше за мерката со 230 „за“ и 189 „против“, главно по партиски линии.
Резолуцијата сега е оди на гласање во Сенатот, кој е под контрола на демократите, каде неверојатно нема да помине. Тоа ќе отвори врата за делумно затворање на работата на владата ако не биде постигнат договор за буџетот до крајот на месецот.
Републиканските законодавци во Претставничкиот дом жестоко се противат на законот за здравствена заштита на претседателот Обама и досега гласаа 42 пати за неговото поништување.
Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер вели дека мнозинството Американци се против Актот за достапност до здравствена заштита, што републиканците го нарекуваат „Обамакеар“:
„Нашата порака до Сенатот е едноставна: американските граѓани не сакаат затворање на работата на владата, но не сакаат ниту „Обамакеар“ , кажа Бејнер.
Последното истражување на јавното мислење на Еј-Би-Си-Вашингтон Пост покажа дека 42 проценти од Американците го одобруваат Актот за достапност до здравствена заштита, додека 52 отсто се против него.
Претседателот Обама го критикуваше гласањето во Претставничкиот дом во петокот и рече дека „не мора да се заканувате дека ќе поништите закон, ако не излегло како што сакате“.
Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците, во петокот гласаше за мерката со 230 „за“ и 189 „против“, главно по партиски линии.
Резолуцијата сега е оди на гласање во Сенатот, кој е под контрола на демократите, каде неверојатно нема да помине. Тоа ќе отвори врата за делумно затворање на работата на владата ако не биде постигнат договор за буџетот до крајот на месецот.
Републиканските законодавци во Претставничкиот дом жестоко се противат на законот за здравствена заштита на претседателот Обама и досега гласаа 42 пати за неговото поништување.
Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер вели дека мнозинството Американци се против Актот за достапност до здравствена заштита, што републиканците го нарекуваат „Обамакеар“:
Aмериканските граѓани не сакаат затворање на работата на владата, но не сакаат ниту „Обамакеар“Џон Бејнер