Линкови за пристапност

Поранешни американски дипломати лобираат во Конгресот


Поранешните дипломати на САД исто така велат дека разни програми даваат поддршка на клучни сојузници

Осум поранешни државни секретари ги повикаа законодавците да не ги намалуваат фондовите за финансирање на дипломатските напори во светот.

Осумтемина испратија писмо до сенатската Комисија за надворешни работи во кое стои дека финансирањето е клучно за безбедноста на американските граѓани, како и дека јавната дипломатија помага во борбата против тероризмот и екстремизмот.

Поранешните дипломати на САД исто така велат дека разни програми даваат поддршка на клучни сојузници и ја демонстрираат „гордата американска традиција на глобално лидерство“.

Во писмото потпишано од демократи и републиканци, вклучувајќи ги и поранешните државни секретари Медлин Олбрајт, Ворен Кристофер, Колин Пауел, Кондолиза Рајс и Хенри Кисинџер.

Минатата недела, некои законодавци препорачаа кратење на буџетот за меѓународни прашања за близу четири милијарди долари.

Актуелната државна секретарка Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс исто така побара законодавците да не го намалуваат финансирањето за оваа намена.

XS
SM
MD
LG