Линкови за пристапност

Неизвесност пред гласањето во Конгресот


Неизвесност пред гласањето во Конгресот
Неизвесност пред гласањето во Конгресот

Кога се мислеше дека гласањето е формалност, нови изгледи за застој на легислативата пред истекување на рокот

Првиот човек на републиканците во Претставничкиот дом изјави дека не се согласува со сенатската верзија за легислативата за продолжување на даночното олеснување за платите за уште два месеци и рече дека тоа треба да биде една година.

Спикерот Џон Бенер на репортерите во Претставничкиот дом им потврди дека ќе се гласа за легислативата во понеделник навечер. Тој додаде дека разликите меѓу Сенатот и Претставничкиот дом мора да се надминат на конференција меѓу двата дома. Бенер очекува Претставничкиот дом да усвои легислатива со која продолжување на даночното олеснување за платите за една година.

Сенатот ја усвои легислативата со огромно мнозинство (89 спрема 10) за даночното олеснување за платите за две месеци, која погаѓа 160 милиони американски работници кои ќе видеа повисок данок на примањата, во време кога најмалку можат да си дозволат.

Американскиот претседател рече дека е задоволен со договорот и покрај фактот што тој бараше продолжување од една година.

Зборувајќи со новинарите кусо време по гласањето, Обама кажа дека е „неприфатливо“

Конгресот да не го поддржи понатамошно продолжување на даночните олеснувања за остатокот од годината. Обама очекува законодавците да го одобрат продолжувањето штом се вратат од божиќните и новогодишните празници.

Ако биде усвоена, мерката се праќа кај претседателот да стави потпис и да стане закон.

XS
SM
MD
LG