Линкови за пристапност

Обама вели на демократите за победа им треба голем одзив на гласачите


Обама вели на демократите за победа им треба голем одзив на гласачите
Обама вели на демократите за победа им треба голем одзив на гласачите

Претседателот Обама е активен во анимирање на гласачите од неговата Демократска партија на делумните конгресни избори следната недела, за кои анкетите покажуваат дека опозиционите Републиканци ќе имаат голема добивка на гласањето.

Обама во интервју на радио во вторник кажа дека демократите ќе победат на изборите на втори ноември ако обезбедат ист одзив на гласачките места како за време на претседателските избори во 2008-ма со кои тој дојде на функцијата.

Обама се очекува да го повтори повикот пред членовите на мрежата Организација за Америка, која се разви од претседателската кампања.

Анкетата на Галуп индицира дека републиканците остануваат во позицијата да ја преземат контролата во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Републиканците се залагаат за голем одзив на белите гласачи, мажи и постари лица. Нивните шанси за успех на изборите се потпомогнати од движењето Tea Party, лабаво организирана коалиција меѓу конзервативните и либералните групи кои се залагаат за помала влада и помали даноци.

XS
SM
MD
LG