Линкови за пристапност

САД даваат нови 17 милиони долари за гладните


САД даваат нови 17 милиони долари за гладните
САД даваат нови 17 милиони долари за гладните

Државната секретарка Хилари Клинтон рече дека 12 милиони долари ќе одат за Сомалија

САД објавија дека ќе одделат дополнителни 17 милиони долари за помош на нациите од Рогот на Африка кои се соочуваат со суша и глад.

Државната секретарка Хилари Клинтон рече дека 12 милиони долари од помошта ќе и` бидат дадени на Сомалија, која е најтешко погодена од суштата.

САД досега одвоија 580 милиони долари во хуманитарна помош за регионот, вклучувајќи ги и 105-те милиони кои беа најавени во понеделникот.

Зборувајќи во Вашингтон, државната секретарка Клинтон ја опиша состојбата со Рогот на Африка како „најтешка хуманитарна итна криза во светот денес“. Таа рече дека помошта е наменета за 4,6 милиони луѓе.

Во петокот, Бритиш Ервејс објави дека ќе испрати авион со намирници од Оксфам и УНИЦЕФ за Етиопија. Оваа авионска компанија веќе обезбеди транспорт на повеќе од седум тони помош за Кенија, земја за која ОН велат дека 1500 сомалиски бегалци пристигнуваат секој ден.

ОН алармираа дека состојбата со глад во Сомалија не го стасала зенитот.

XS
SM
MD
LG