Линкови за пристапност

Клинтон на балканска турнеја, не доаѓа во Македонија


Клинтон на историска посета на Бурма
Клинтон на историска посета на Бурма

Ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Хрватска во знак на американската поддршка за евроатлантските интеграции на Балканот.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон наредната недела ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Хрватска. Стејт департментот соопшти дека турнејата на Клинтон по Балканот „ќе го демонстрира трајниот американски интерес, заложба и поддршка за неговата иднина во европската и евроатлантската заедница“.

Во Босна и Херцеговина, Србија и Косово, на Клинтон ќе и` се приклучи колешката од ЕУ, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон.

Стејт депарментот најави дека Клинтон со Ештон во Сараево „ќе ја подвлече итната потреба партиските водачи да им служат на интересите на луѓето во Босна и Херцеговина и да ги остварат неопходните реформи“, а планира да ја истакне и „непроменливоста на заложбата на меѓународната заедница за Дејтонскиот мировен договор“.

Во Белград и Приштина, покрај тоа што ќе дискутираат за прашања од билатерален интерес, Клинтон и Ештон ќе ја подвлечат американско-европската решеност Србија и Косово да надоградат на досегашните спогодби и да напреднат во дијалогот. Според соопштението на американската влада, тие ќе поттикнат на конкретни чекори што би овозможиле обете земји да напреднат на патот на членството во ЕУ.

Во Тирана, пак, Клинтон ќе ја истакне солидарноста со Албанија како сојузник во НАТО и ќе придонесе во одбележувањето на 100-годишнината од албанската независност со обраќање во Парламентот, но истовремено ќе укаже на потребата од поголема политичка соработка и владеење на правото во земјата.

Во Загреб, Клинтон на дневен ред ја има хрватската улога како НАТО-сојузник, претстојниот влез во ЕУ во 2013-та и економската ситуација.

Во турнејата од 29-ти октомври до 2-ри ноември е вклучена и посета на Алжир, на 30 октомври.
XS
SM
MD
LG