Линкови за пристапност

Клинтон врши притисок за човекови права во Узбекистан


Клинтон врши притисок за човекови права во Узбекистан
Клинтон врши притисок за човекови права во Узбекистан

Таа се сретна со Каримов во Ташкент, во рамки на турнејата по регионот

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го повика узбекистанскиот претседател Ислам Каримов да преземе мерки за заштита на човековите права.

Таа се сретна со Каримов во Ташкент, во рамки на турнејата по регионот.

Клинтон кажа дека ниту една земја, па ни САД, нема монопол врз мудроста во врска со човековите права. Кога САД говорат со Узбекистан за верските и медиумските слободи, тортурата или пак детскиот труд, тоа го прават во духот на обострано почитување, рече американската државна секретарка.

На дневен ред на посетата на Клинтон требаше да биде и узбекистанската улога на транзитна зона за опремата за НАТО-силите во Авганистан, што воедно е и тема на целата нејзина централноазиска турнеја.

Стејт департментот наведува дека САД и Узбкистан потпишале и договор за проширување на соработката во науката и технологијата.

Клинтон претходно се сретна со киргистанската претседателка Роза Отунбаева во Бишкек, пофалувајќи го Киргистан за напорите да формира коалициона влада по октомвриските парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG