Линкови за пристапност

Клинтон: Светот мора да одговори на потопувањето на јужнокорејскиот воен брод


Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека светот има должност да одговори на потопувањето на јужнокорејскиот воен брод – инцидент за кој меѓународната заедница ја обвини Северна Кореја.

Клинтон ова го изјави во Сеул по кусата средба со јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-бак и министерот за надворешни работи Ју Мунг-хва – нејзината последна станица од шестдневната турнеја низ три земји од Источна Азија.

Таа кажа дека потопувањето на бродот Чеонан на 26-ти март е провокација што налага енергичен, но одмерен одговор.

Клинтон истовремено ја повика Кина внимателно да ги разгледа сите документи за потопувањето за да може навистина да ги разбере деталите. Долгорочен предизвик за сите во регионот, вклучувајќи ја и Кина, е менување на насоката на Северна Кореја, рече американската државна секретарка.

Во Пекинг, кинескиот заменик Министер за надворешни работи Џанг Џиџун кажа дека владата внимателно ги разгледува сите факти во случајот. Премиерот Вен Џиабао во петок ќе усчествува на трилатералниот самит во Сеул со јужнокорејскиот претседател Ли и јапонскиот премиер Јукио Хатојама.

XS
SM
MD
LG