Линкови за пристапност

Клинтон пристигна во Белград


Клинтон пристигна во Белград
Клинтон пристигна во Белград

Таа исто така ги поттикна босанските лидери да привлечат повеќе странски инвестиции

Американската државна секретарка Хилари Клинтон е во Белград за разговори со претседателот Борис Тадиќ што се очекува да се фокусираат на Косово и политичките реформи потребни за натамошна Европска интеграција.

Клинтон таму пристигна од Босна и Херцеговина, каде ги повика босанските лидери да го реформираат комплексниот политички систем зашто во спротивно ризикуваат заостанување зад другите балкански држави кои се приближуваат кон западна Европа.

Клинтон зборуваше пред студенти од универзитетот во Сараево, каде рече дека босанските соседи прават чекори кон европска , зашто знаат дека нема подобар начин да се постигне одржлив економски растеж.

Таа исто така ги поттикна босанските лидери да привлечат повеќе странски инвестиции.

Таа имаше средба со тричленото претседателство на Босна, чии претставници ги претставуваат трите ентитети во земјата – Хрватите, Муслиманите и Србите, каде ја пренела пораката дека Босна мора самата да ги направи неопходните реформи, но ќе ја има поддршката од САД, потсетувајќи дека Вашингтон инвестирал 1, 5 милијарди долари со цел да и помогне во обновата на земјата од граѓанската војна во 1992-1995.

XS
SM
MD
LG