Рејмонд Клапер, кого американскиот претседател го кандидираше за функцијата директор на националното разузнавање, најави дека ќе ги искористи сите можности за зајакнување на соработката меѓу владините агенции.
Клапер на распитот за потврдување на функцијата што вторникот се одржа во Сенатот кажа дека треба да има “јасен, дефиниран и очигледен“ водач на разузнавањето во земјата што би го задавал правецот и би вршел контрола на рабоотата.
Клапер кажа и дека доколку биде назначен, би имал моќ да го даде крајниот збор за разузнавачки прашања и да биде над директорот на ЦИА - став што би можел да наиде на критика во оваа разузнавачка агенција.
Одредени сенатори на распитот поставија прашања базирани на серија написи во весникот Вашингтон пост за се` почестото поклопување во работата на различни разузнавачки агенции по терористичките напади во САД во 2001-ва.
Републиканската сенаторка Олимпија Сноу кажа дека се работи за мега-бирократија“.