Линкови за пристапност

Македонска црква Св. Димитрија во Вест Палм


Македонска црква Св. Димитрија во Вест Палм
Македонска црква Св. Димитрија во Вест Палм

Црквата била завршена пред неколку години.

Македонците во јужна Флорида гравитираат околу црквата Св.Димитрија во Вест Палм, која важи за нивен духовен дом и катче за дружење. Велат дека меѓу нив нема разединетост и сложно живеат и со другите етнички групи, претежно јужноамерикански, кои се населени во овој дел на САД.

Скопјанецот Драган Пациновски е потпретседател на македонската црковна заедница во општината Вест Палм во сојузната држава Флорида. Во САД живее веќе 13 години и еден од најангажираните во заедницата

„Во 1987-ма се првите корени кога се донела одлука да се гради црква. Тогаш е регистрирана како црква, но само на хартија“, вели Пациновски.

Црквата била завршена пред неколку години. За празниците, атмосферата е иста како во црквите во татковината. Најмасовно е на Велигден. Во чест на патронот Св. Димитрија, секоја година се организираат народни забави до раните утрински часови. Црквата се` уште не осветена, но за сите големи празници доаѓаат свештеници од други епархии, најчесто од Канада.

Таа е обединувачки фактор, вели Прциновски: „Политиката е едно, меѓутоа јас сум убеден, дека ниту една амбасада, ниту конзулат не може да го обедини нашиот народ во туѓина како што може Црквата во САД, Австралија и Канада“.

Лена Гоговска во текот на работната недела е медицинска сестра во Вест Палм, а за викендите е секретар на Црквата.

„Македонците во јужна Флорида секоја недела се собираат. Ова е нивен дом. Сите Македонци се збираат в недела, се дели ручек, сите жени готват домашни јадења. Македонците се собираат за сите поголеми православни празници“, вели Гоговска.

Една годишно, во првата недела од март, црквата организира и традиционален излет со иселеници од други делови од САД, Канада и Австралија.

XS
SM
MD
LG