Линкови за пристапност

Во САД и натаму се преферира сечење на своја божиќна елка


Во САД и натаму се преферира сечење на своја божиќна елка
Во САД и натаму се преферира сечење на своја божиќна елка

Божиќ е незамислив без божиќна елка. Има многу места каде може да се најде вистинската елка, но најпопуларната варијанта не е и најефтина

Том Силвестер го сече крајот на стеблото на триметарска елка. Тоа е кулминација на барем получасовниот ангажман со неговата сопруга и ќерка во студените попладневни часови на потрага по нивната вистинска, природна, божиќна елка.

Во други семејства е слично. Традицијата е важна за празници. Декорирањето со сијалички и лампиони во разни бои е една од традициите што ги прават празниците специјални.

Семејството Силвестер вели дека има многу можности за купување елка. Ги има насекаде.

Вештачките се популарни. Лани се продадоа 12 милиони пластични дрвја за повекекратна употреба. Во 2003-та се продадоа околу 10 милиони.

Но, тоа не го загрижува Стивен Волф, сопственик на фармата за елки „Сникерс Геп“:

„Нашиот бизнис не е во опасност. Не верувам дека вештачките дрвја се закана за нашата дејност“, вели Волф.

А тој бизнис е продажба на природните божични дрвја. Специфичноста тука е што на вакви фарми сами си одбирате и сечете дрво што ќе си го однесете во вашата дневна соба. Ваквите фарми се многу популарни места за купување божиќна елка. Тука се купуваат третина од сите елки.

Колку и` да звучи необично, семејството Силвестер ќе мине 45 минути на студено време на фармата за да ја пронајде вистинската елка. Откако ќе ја најдат, самите ја сечат и ја носат до излезот. За неа ќе треба да платат околу 100 долари. Тоа е речиси двојно поскапо отколку да ја купат веќе исечена, од продавница.

Зошто го прават тоа?

„Позабавно е“, велат тие. „Тоа го правиме многу години, заради сеќавања за добри времиња“.

Сопственикот Волф вели дека многумина размислуваат така.

„Сите правиме нешта што не` оддалечуваат од природата. Ова е една од работите во која луѓето уживаат, зашто ги враќа назад, кон природата. Освен тоа, се работи за семејно искуство“, додава тој.

А за време на сезоната на празници, семејните искуства е тоа што ги прави дополнителните напори вредни и за некои - профитабилни.

XS
SM
MD
LG