Поранешниот американски државен секретар Ворен Кристофер почина на 85 годишна возраст од компликации на рак на бубрези и бешика, во неговата куќа во Калифорнија.
Пет децении тој играше клучна улога во американскиот граѓански и јавен живот, како адвокат или преговарач во кризни прашања од областа на надворешната политика. Тој помагаше во истражување и решавање на спорни домашни и политички теми.
Во оддавањето почит спрема него, претседателот Барак Обама го нарече Кристофер, „решителен борец за мир“,и „вешт дипломат“.
Кристофер беше државен секретар од1993-та до 1997 во првата администрација на демократскиот претседател Бил Клинтон.
Тој ќе остане запомнет како праведен и тактичар. Честопати беше повикуван од американски лидери да ги претставува САД во најтешките меѓународни прашања за време на 1980-тите и 1990-тите. Во неговата книга во 2001-ва, „Животни шанси: Мемоар“, Кристофер за себе вели дека се гледал како „чувар, а не сопственик на огромната доверба од јавноста“.
Дури и пред да стане 63-ти американски државен секретар во 1993-та, тој играл клучна улога во решавање на иранската заложничка драма и ослободувањето на 52-цата Американци кои Техеран ги држеше 444 денови. Нивното заложништо и неуспешните обиди да бидат ослободени играше клучна улога во победата на Реган врз тогашниот претседател Џими Картер.
Изминатите години, Кристофер помогна во обезбедување конгресна ратификација врз договорите за враќање на американската контрола врз Панамскиот канал на локалните власти, учествувал во нормализирање на американските дипломатски односи со Кина и преговарал за спорни прашања од Блискиот исток и Балканот.
Во 2000-та, Кристофер го надгледуваше пребројувањето на оспорените гласови во сојузната држава Флорида во трката меѓу тогашниот потпретседател Ал Гор и гувернерот од Тексас Џорџ Буш. По контроверзното пребројување на гласовите, американскиот Врховен суд го прогласи Буш за победник и тој служеше два мандата во Белата куќа.