Кинескиот претседател Ху Џинтао во САД носи порака за потребата од американско-кинеска соработка, а не контронтација, наведуваат кинески официјални лица.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи рече дека Кина се надева дека посетата ќе ја зајакне взаемната стратешка доверба меѓу Пекинг и Вашингтон. Хонг кажа и дека Кина се надева дека посетата ќе им помогне на обете страни да го почитуваат „изборот на другата“. Тој повика на проширување на областите во кои споделуваат исти интереси, со цел да станат сојузници за поширок обем на прашања.
Трговската размена е едно од спорните прашања поради големиот трговски дисбаланс во корист на Кина. Група американски сенатори велат дека сакаат да му пратат порака на кинескиот претседател со поднесувањето на легислатива со која Кина ќе се казни за високите извозни тарифи. Тие ја обвинуваат Кина за одржување на нечесна тргоска предност преку намерно држење на кинеската валута на вештачки ниско ниво.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи, пак, смета дека девизниот курс на јенот не е главна причина за американскиот трговски дефицит.
Ова е прва официјална посета на кинески лидер на САД од 1997-ма.
Покрај средбата со Обама во Белата куќа, Џинтао ќе разговара и со американски законодавци кои ќе присуствуваат на државната вечера во Вашингтон, пред да замине за Чикаго на средба со тамошни бизнисмени.