Линкови за пристапност

САД и Кина ќе соработуваат во кибернетската безбедност


Договор и покрај неодамнешните обвинувања дека токму Кина стои зад неколку напади врз американски мрежи.

Виши кинески и американски лица од одбранбениот сектор се договорија да соработуваат во одговорот на кибернетските закани по безбедноста, и покрај неодамнешните обвинувања дека токму Кина стои зад неколку кибернетски напади врз американски мрежи.

Ваквата вест уследи по средбата во Вашингтон меѓу кинескиот министер за одбрана Лианг Гунагли и неговиот домаќин, секретарот за одбрана Леон Панета.

Панета рече дека е важно за обете држави да соработуваат на прашања од кибернетската безбедност за да избегнат секакви идни кризи или погрешни проценки за дигиталните закани.

Лианг кажа дека официјален Пекинг е подготвен да учествува во заедничките напори за јакнење на кибернетската безбедност и оцени дека Кина била една од најголемите жртви на ваквиот вид на напади изминатите години. Но, тој ги отфрли обвинувањата дека кинески хакери стојат зад неодамнешните напади врз американски компании и владини агенции.

XS
SM
MD
LG