Линкови за пристапност

Кина со нови тарифи за американските возила


Кина со нови тарифи за американските возила
Кина со нови тарифи за американските возила

Кинеските автопроизводители наводно претрпеле големи штети од увозот

!--IMAGE-LEFT--> Кина најави дека ќе воведе нови даноци за увоз на одредени автомобили произведени во САД - потег што посекако дополнително ќе ги стави на испит и онака затегнатите трговски односи меѓу двете земји.

Кинеското министерство за трговија денес соопшти дека ќе го зголеми данокот од 2 на 2,5% за патнички и теренски возила со мотори поголеми од 2,5 литри. Министерството тврди дека кинеските автопроизводители претрпеле значителна штета од увозот на американски возила за кои наведува дека на кинескиот центар се продаваат по цени пониски од колку што чини нивното производство.

Новите даноци ќе ги погодат возилата на Џенерал моторс, Крајслер, Форд и американските филијали на Мерцедес, БМВ и Хонда.

Двете најголеми економии во светот се во трговска битка за редица прашања – од кинеските соларни плочи и американското кокошкино месо, до поплаката на Вашингтон дека Пекинг намерно го јуанот на ниско ниво.

XS
SM
MD
LG