Линкови за пристапност

Лажни кинески делови во американска армиска опрема


Истрага на американска сенатска комисија покажа пропусти во армиската опрема на САД.

Истрага на американска сенатска комисија најде дека фалсификувани кинески електронски делови кои се користат во американска армиска опрема ја става под ризик безбедноста на американските војници и претставува закана по националната безбедност.

Едногодишна истрага од сенатската комисија за армиски сили донесе резултат дека имало 1800 случаи на фалсификувани електронски компоненти во речиси се` - од транспортни авиони до очила за ноќно гледање.

Извештајот објавува дека повеќе од 70 проценти од речиси еден милион проблематични делови можат да се следат до изворот во Кина, каде нема надзор над пазарот за лажни електронски направи изнесувани на пазарот.

Комисијата ги обвини кинеските официјални лица за мешање во истрагата истакнувајќи дека на американските инспектори инволвирани во истрагата не им биле дадени визи и им било речено дека негативен извештај може да ги наруши односите САД-Кина.

XS
SM
MD
LG