Линкови за пристапност

Првиот човек на кинеската армија ќе ги посети САД


Првиот човек на кинеската армија ќе ги посети САД
Првиот човек на кинеската армија ќе ги посети САД

Виш кинески воен претставник неделава треба да ги посети САД на прва посета на високо ниво за последните седум години. Делегацијата ќе ја сочинуваат неколку кинески генерали кои ќе имаат средба со американски армиски претставници. Се очекува фокусот на разговорите да биде изградба на доверба меѓу двете држави.

Иако 2010-та беше турбулентна година од аспект на армиските релации со Кина, на повидок е поправање на односите.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс ја посети Кина во јануари и двете држави одржаа разговори во Пекинг минатиот месец. Сличен состанок имаше и претходната недела за време на стратешкиот економски дијалог Кина – САД во Вашингтон.

Неделава, Чен Бинџ, началник на генералштабот на кинеската армија доаѓа во еднонеделна посета.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана Генг Јангшенг вели дека посетата на Чен ќе биде фокусирана на унапредување на билатерални воени односи и оти на маса ќе бидат регионални и глобални теми.

„Кина е подготвена за соработка со САД, охрабрување дијалогот, размена и зголемување на взаемното разбирање и изградба на меѓусебно почитување“, изјави кинескиот портпарол.

За време на посетата во САД, Чен ќе се сретне со неговиот колега, шефот на здружениот генералштаб на вооружените сили на САД, Мајкл Мулен, со секретарот за одбрана Роберт Гејтс, како и со американски конгресмени.

Аби Денмарк, аналитичар за азиски безбедносни прашања и поранешен шеф на одделот за Кина во Пентагон, вака коментира за значајноста на посетата:

„Ова е важен знак дека обете страни осознавааат дека се важни меѓусебните армиски врски“, вели таа.

Денмарк вели дека Кина има неколку цели од претстојната посета – да покаже дека има силни армиски врски со САД, да ја потенцира пораката за мирољубивите намери додека САД се вклучени во широко поле на воени ангажман, но и да научи од нив.

Од страна, пак, на САД, Денмарк вели дека посетата на кинескиот официјални лица ќе биде искористена да укажат колку се отворени и транспарентни и дека билатерналните односи се важни.

Одрживоста на кинеско-американските воени врски е предизвик. Порано, Пекинг ги суспендираше воени односи кога ќе се јавеа проблеми во релациите со САД. Како што беше случајот неодамна, откако претседателот Обама одобри армиски договор во висина од 6,4 милијарди долари со Тајван.

Продажбата на оружје на Тајван е главна пречка во развивањето на американско-кинеските односи и тоа прашање најверојатно ќе биде покренато од кинеските претставници за време на посетата во Вашингтон.

Кина сака САД да запрат со продажбата на оружје во Тајван, земја што ја смета за дел од нејзината територија. Но, според американскиот закон, Вашингтон е обврзан да обезбеди оружје за островот да може да се брани.

Кинеската државна агенција Ксинхуа објави дека за време на посетата во САД, генералот Чен ќе има предавање во националниот Универзитет за одбрана во Вашингтон, а неговата делегација ќе посети неколку армиски инсталации. Според извештајот на кинески претставници спроти посетата во САД, некои од локациите од најавената агенда не биле домаќини на странски армиски лидери со години.

XS
SM
MD
LG