Линкови за пристапност

Кина потврди - порано месецов за малку избегнат судар на нејзин брод со американски


САД велат дека американскиот брод бил во меѓународни води и морал да преземе дефанзивен маневар.

Кина го потврди инцидентот во кој порано месецов, за малку бил избегнат судар меѓу американски крстосувач со проектили и кинески воен брод во Јужното Кинеско Море.

Во Пекинг, Министерството за одбрана денес соопшти дека кинескиот брод на 5-ти декември бил на редовна патрола кога го пресретнал бродот Каупенс на американската морнарица. Според соопштението, средбата била „строго во согласност со протоколот“, а Кина и САД разговарале за инцидентот „преку нормалните канали“.

Вашингтон наведува дека американскиот брод бил во меѓународни води и морал да преземе дефанзивен маневар за да избегне судар со кинескиот нов носач на авиони Лиаонинг.

Реагирајќи на медиумските извештаи дека инцидентот ја зголемил напнатоста меѓу армиите на двете земји, Пентагон не даде големо значење на ситуацијата, наведувајќи дека било постапено на професионален начин.
XS
SM
MD
LG