Линкови за пристапност

Кина јавува за пресврт во преработката на нуклеарно гориво


Кина јавува за пресврт во преработката на нуклеарно гориво
Кина јавува за пресврт во преработката на нуклеарно гориво

Кина планира големо проширување на нуклеарната моќ, во обид да ги намали штетните гасови од електраните на јаглен и зависноста од овојд вид на гориво

Кинеската државна телевизија објави дека научниците постигнале технолошки пробив што ќе и` обезбеди на државата снабдување со нуклеарно гориво за следните 3.000 години.

Во постројка на Кинеската национална нуклеарна корпорација во зафрлен регион на пустината Гоби наводно била испробана нова технологија што овозможува повторно да се употреби радиоактивното гориво од нуклеарните реактори, така што земјата ќе може 60 пати да добие иста вредност од едно количество на гориво.

Кина планира големо проширување на нуклеарната моќ, во обид да ги намали штетните гасови од електраните на јаглен и зависноста од овојд вид на гориво.

Сепак, официјални лица се загрижени дека земјата ќе стане зависна од странски извори на ураниум. Без програма за преработка, каква што беше објавена денес, резервите на ураниум во Кина се предвидуваат да траат од 50 до 70 години.

XS
SM
MD
LG