Линкови за пристапност

Кинескиот потпретседател меѓу американските земјоделци


Кинескиот потпретседател меѓу американските земјоделци
Кинескиот потпретседател меѓу американските земјоделци

Средби со познаници во Ајова каде во 1985-та престојувал на проефионално усовршување.

Кинескиот потпретседател Ши Џинпинг се сретна со некои од старите познаници во градот Маскатин, сојузната држава Ајова, каде престојувал во 1985-та како државен службеник, на професионално усовршување за американското земјоделство.

Делегацијата на кинески стопанственици која е со Ши на турнејата во САД постигна и договор за купување соја од американски компании во вредност од 4,3 милијарди долари или 12 метрички тони – најголема кинеска набавка на овој вид на земјоделска култура.

Ши ја заврши посетата на САД со престој во Лос Анџелес, со настани што ги потенцираа економските и културни врски меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG