Линкови за пристапност

Најмалку 73 загинати во два земјотреса во Кина


Стотици повредени во потресите од 5,9 и 5,6 степени според Рихтеровата скала

Најмалку 73 лица загинале во два земјотреса во руралниот северозападен дел на Кина, јавија кинески официјални лица. Стотици се повредени.

Американската геолошка служба соопшти дека првиот земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтеровата скала бил регистиран утринава во 7:45 часот во близина на градот Дингси во провинцијата Гансу, на длабочина од 10 километри.

Следниот земјотрес од 5,6 степени во истиот регион се случил час и половина подоцна. Потоа следеле бројни помали потреси.

Властите велат дека се урнати стотици згради, а илјадници се оштетени.

Електричната енергија е во прекин во поголемиот дел од регионот, кој не е густо населен.

Армијата помага во спасувачките напори.
XS
SM
MD
LG