Линкови за пристапност

Клинтон ја повика Кина на соработка за Северна Кореја и Иран


Клинтон рече дека САД и Кина нема да се согласат околу секое прашање, но ќе дискутираат за сите, и тоа отворено

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја повика Кина да соработува во формулирањето на меѓународниот одговор за Северна Кореја и Иран.

На почетокот на билатералните разговори во Пекинг, Клинтон потсети дека САД и Кина лани соработуваа во Советот за безбедност на ОН на воведувањето санкции против Северна Кореја откако земјата изврши тестирање на нуклеарно оружје.

Таа рече и дека неодамнешните разговори во Советот за безбедност резултираа со предлог-резолуција за воведување на нови мерки против Иран поради сомневањето дека води тајна нуклеарна програма.

Наведувајќи ја загриженоста за човековите права, Клинтон рече дека САД и Кина нема да се согласат околу секое прашање, но ќе дискутираат за сите, и тоа отворено.

Кинескиот претседател Ху Џинтао на церемонијата на почетокот на политичките и економски средби кажа дека двете глобални сили треба да ја зајакнат координацијата во економската политика. Па сепак, тој подвлече дека Кина ќе продолжи со реформите во размената на нејзината национална валута со сопствено темпо.

XS
SM
MD
LG