Линкови за пристапност

Рестартирани разговорите за климатските промени


Малку беше постигнато со намалувањето на емисијата на издувни гасови од последниот климатски самит во Копенхаген, минатата година.

Во понеделник продолжија замрените разговори за климатските промени во организација на ОН, со предупредување дека земјите мора да најдат заедничка основа пред одржувањето на новиот самит, што ќе се одржи подоцна годинава во Мексико.

Во говор на отварањето на конференцијата во северниот град Тианџин, шефот за климатски промени при ОН Кристијана Фигуерес рече дека сега е време да се одреди како да се дојде до политички избалансиран пакет за Канкун.

Малку беше постигнато со намалувањето на емисијата на издувни гасови од последниот климатски самит во Копенхаген, минатата година. Развиените и земјите во развој се во пат позиција во однос на спогодба за тоа кој треба да понесе најголем дел од одговорноста за намалувањето на емисијата на штетни гасови во атмосферата, за кои научниците велат дека предизвикува глобално затоплување и климатски промени.

Кина, најголемиот емитувач на издувни гасови, вели дека сака да го зајакне духот на соработка на конференцијата што се одржува неделава.

XS
SM
MD
LG