Кина соопшти дека обидот на американските закондавци за превреднување на кинеската валута тешко ќе ги наруши билтералните односи.
Ваков коментар четвртокот даде портпаролката на Кинеското министерство за надворешни работи Џинг Ју, реагирајќи на легислативата што ден порано ја усвои американскиот Претставнички дом, а што воведува тарифи за производи од земји кои ги одржуваат своите валути на вештачки ниско ниво.
Коментираше и портпаролот на Министерството за трговија Јао Јин, кој рече дека потегот е „неконзистентен на релевантните правила“ на Светската трговска организација.
Американските законодавци и бизниси го обвинуваат официјален Пекинг дека намерно го држи јуанот на нереално ниско ниво, со тоа давајќи им на кинеските производи предност на светските пазари. Тие велат дека манипулацијата на јуанот ги чини САД милиони загубени работни места во производниот сектор.
Американската трговска комора во Кина го поддршка Пекинг во противењето на мерката. Потегот „нема да создаде значително зголемување на бројот на работни места“, а дури може и да затвори места поврзани со американскиот извоз, стои во соопштението што го издаде организацијата.