Линкови за пристапност

Штрајкот на наставници во Чикаго продолжува


Има знаци дека е можно постигнување договор, но барем уште денеска 350 илјади ученици не се на настава.

Штрајкот на наставници во Чикаго кој остави 350.000 деца дома една недела, ќе продолжи најмалку уште денеска и покрај знаците дека е можно постигнување решение за надминување на несогласувањата.

Лидерите на синдикатот кои се застапници на повеќе од 20.000 наставници од јавното образование велат дека треба повеќе време за разгледување на предлогот што е на маса. Синдикатот се среќава денеска, и евентуалното прифаќање на предлозите од другата страна, ќе значи враќање на учениците во училишните клупи веднаш потоа.

Градоначалникот на Чикаго, Рем Емануел, издаде соопштение во неделата во кое остро го напаѓа синдикатот, наредувајќи на градските правници да бараат судски налог за прекин на штрајкот.

Наставниците ја прекинаа наставата во понеделникот поради несогласување со договорот, особено во делот каде се предвидуваат подолги училишни денови и начинот на проценка на ефикасноста на нивната работа.
XS
SM
MD
LG