Гласачите во Чикаго, сојузната држава Илиноис, направија историја со изборот на Лори Лајтфут, како идна градоначалничка, станувајќи најголем американски град кој избрал Афроамериканка да ја води метрополата.
56- годишната поранешна јавна обвинителка победи уште една Афро-американка, политичарката - ветеранка Тони Преквинкл со 74 наспроти 26 отсто од гласовите, победувајќи во сите 50 изборни окрузи во Чикаго.
Ова е прва владина функција за Лајтфут, која ќе стане и прва јавно декларирана хомосексуалка кога ќе ја преземе функцијата во мај. Таа има долга репутација за искоренување на корупцијата, и како лидерка која добро се снаоѓа со предизвици како финансиски тешкотии, сиромаштија, висока стапка на криминал.
Таа ќе го наследи Рам Емануел, поранешен американски конгресмен и шеф на Кабинетот на поранешниот претседател Барак Обама. Емануел одлучи да не се кандидира за трет мандат, откако беше мета на жестока критика во јавноста за начинот на кој се справи со убиството на црниот тинејџер Лакван Мекдоналд, кој беше застрелан од белиот полицаец Џејсон ван Дајк.
Facebook Forum