Линкови за пристапност

НБА: Нагетс и Булс се спасија од елиминација


Вечерва, Хит и Клиперс можат да ги завршат сериите против Никс и Гризлис

Во синоќешните натпревари од НБА, Чикаго булс и Денвер нагетс успеаја да извојуваат победи и да се спасат од елиминирање од понатамошните натпревари во плеј-оф-от во НБА.

На гостинскиот терен во Лос Анџелес, Нагетс извојуваа важна победа врз тимот на ѕвездата Коби Брајант, чии 43 поени сепак не беа доволни за победа. Напреварот заврши со резултат 102-99. Во серијата најдобар од седум натпревари, Лејкерс водат со 3:2.

***

Иста слика и на паркетот во Чикаго. Иако им се закануваше елиминирање по повредите на двајцата клучни играчи во тимот, Дерек Роуз и Јоаким Ноа, домашните Булс со поддршка од публиката успеаја да го намалат водството на Филаделфија 76-сиксерс на 3:2. На натпреварот што заврши со резултат 77-69, најпрецизен беше Луол Денг со 24 поени.

Денеска играат Лос Анџелес клиперс – Мемфис гризлис и Њујорк никс – Мајами хит. Клиперс и Хит водат со 3:1 и со евентуални победи ќе се пласираат понатаму во плеј-оф натпреварите.

XS
SM
MD
LG