Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Холивуд во минута
Холивуд во минута

Контроверзниот Шин во болница, Мајли Сајрус – лошо влијание врз тинејџерите

Чарли Шин е хоспитализиран поради акутни болки во стомакот – објави неговиот публицист. Четириесет и петгодишниот актер и лани мина неколку денови во болница – поради прекумерната употреба на алкохол и кокаин.

Кралицата на тинејџерите Мајли Сајрус, втора година по ред, го стекна приматот за ѕвезда со најлошо влијание на младата генерација. Вака се изјаснија 48 проценти 100.000 анкетирани во истражување на АОЛ.

Од Ханибал Лектор до Алфред Хичкок?

Актерот Ентони Хопкинс – вели да. Оскаровецот се надева дека ќе го игра исконскиот режисер кој е познат како мајстор за сцени со неизвесност, во биографскиот филм за Хичкок.

Комедијантот и водител на Дејли Шоу, Џон Стујард се приклучува на Бордот за споменикот и музејот на 11-ти септември. Стујард беше еден од најгласните поборници на законот за здравствена заштита на лицата кои заболеа помагајќи во расчистувањата на урнатините од кулите-близначки.

XS
SM
MD
LG