Линкови за пристапност

Клетки што поттикнуваат развој во борба против ХИВ


Американските научници се подготвуваат да почнат клинички тестови на луѓе со нова терапија која користи генетски модифицирани клетки што поттикнуваат развој во борбата против ХИВ, вирусот што предизвикува СИДА. Терапијата треба да го зајакне заболениот имунолошки систем на пациентот со нови здрави клетки кои се отпорни на вирусот.

Научниците сметаат дека новата терапија може да значи функционален лек за пациенти инфицирани од вирусот ХИВ. Техниката вклучува генетски модифицирани клетки, или матични клетки, кои можат да се манипулираат да станат каква било клетка. Во овој експеримент, истражувачите анализирале три вида на гени кои се отпорни на напад од ХИВ на матичните клетки.

Истражувањето го водел Џозеф Андерсон, истражувач од калифорнискиот Институт за регенетативни лекувања, во Дејвис. Андерсон вели дека тој и колегите на

„хуманизиран глушец“ му вбризувале генетски модифицирани клетки што поттикнуваат развој. Потоа го инфицирале лабараторискиот глушец со вирусот ХИВ.

„Тие ја блокираа инфекцијата си ХИВ, и го одржуваа нормалниот имунолошки систем на глушецот, иако вирусот се`ште го носел вирусот во себе. Бевме во состојба да откриеме дека вирусот се реплицира во глушецот, но затоа што му вметнавме генетски модифицирани клетки што поттикнуваат развој, отпорните клетки успеаја да го задржат нормалното ниво на имунолошки систем и да одржат функционален имунолошки систем“, вели доктор Андерсон.

Експериментот ја потврдил безбедноста и ефикасноста на терапијата. Сега тој се надева да почне со клинички истражувања на луѓе, пациенти инфицирани со ХИВ.

„Се надевам дека и кога се работи за пациент ќе можеме да го задржиме нормалниот имунолошки систем. Така овие пациенти ќе бидат во можност да запрат со антиретровирални лекови кои вообичаено се земаат, затоа што модифицираните клетки ќе можат да се борат против вирусот во телото на пациентите“.

Извештајот е објавен во мајското издание на Журналот за вирологија.

XS
SM
MD
LG