Линкови за пристапност

Национална листа на украдени мобилни телефони


Мобилните оператори во САД ќе го спречат нивното реактивирање.

Властите во САД работат на компјутерска листа на украдени телефони, во обид да го спречат овој се` почест вид на криминал. Владината Федерална комисија за комуникации соопшти дека постигнала договор со главните компании за мобилни телефони за создавање на база на податоци за украдените телефони чија крајна цел е да се спречи нивното реактивирање. Претседателот на Комисијата Џулиус Геначовски изјави дека таа со потегот сака да ја намали вредноста на украдените телефони.

Досега, две од најголемите мобилни оператори, Верајзон и Спринт Некстел, спречуваа реактивирање на телефоните за кои сопствениците пријавиле дека се украдени, но тоа не беше случај со другите две компании, AT&T и Т-мобајл. Сега сите четири го прифатија создавањето на листата, со што се обврзаа да го спречуваат користењето на украдените телефони на сопствената мрежа во рок од шест месеци. Крајната цел е за година и половина реактивирањето на телефонот да биде оневозможено на сите мрежи.

XS
SM
MD
LG