Линкови за пристапност

САД финансираат истражување на матични ембрионални клетки


САД финансираат истражување на матични ембрионални клетки
САД финансираат истражување на матични ембрионални клетки

Трансплантацијата на коскена срж е само еден начин на кој терапијата со матични клетки помага на пациентите

Американската влада повторно финансира истражување на човечки матични ембрионални клетки – барем засега. Жалбен суд во Вашингтон го дозволи финансирањето за истражувањата додека не се чујат сите мислења во наредните неколку недели.

16-годишната Кати Крамер се бори со леукемија. Итно и` треба трансплантација на коскена срж. Во јули, во потрага по дарител, нејзината помајка Шери замина во јужна Кина од каде Кати е усвоена.

„Без коскена срж или без пресадување на матични клетки, таа нема да преживее“, вели Шери.

Многумина одговорија на повикот на Шери, но лекарите се`уште чекаат на некој што ќе одговара на нејзиниот генетски код.

Трансплантацијата на коскена срж е само еден начин на кој терапијата со матични клетки помага на пациентите.

Претседателот Обама сака да ги прошири истражувањата на човечки ембрионални клетки. Минатата година тој потпиша извршна наредба за продолжување на федералното финансирање за такви истражувања. Поддржувачите велат дека матичните клетки еден еден ден ќе им помогнат на лекарите да лекуваат повреди на `рбетот и болести како што е Паркинсоновата.

Противниците, пак тврдат дека уништувањето на човечки ембрион е уништување на човечко суштество.

Научниците се свесни дека претстои долг пат пред овие клетки да влезат во клиничката пракса. Професорот Тим Мекафри од Универзитетот Џорџ Вашингтон објаснува: „Кога ембрионалната клетка ќе се стави во човек, таа сака да формира ембрион. Сака да формира цело тело“.


Оттука, професорот ја гледа вредноста на истражувањето во тоа да се согледа процесот на развој.

„Највиталното истражување е да се види какви се најпрвите одлуки на клетката, кога минува од јајце во ембрион. Важно е да сфатиме како срцева клетка станува срце или мозочна клетка станува неврон“, вели Мекафри.

Дури потоа, научниците велат дека ќе можат да разберат како да натераат други матични клетки да се регенерираат, а тоа може да биде патот до ветувањето да се најде лек за Паркинсоновата и други болести.

XS
SM
MD
LG