Во програмата ќе бидат прикажани и два филма за овогодишните протести во кои беа сменети властите во Тунис и Египет.
Единаесетдневниот филмски фестивал во Кан собира на едно место филмски ѕвезди и филмови од сите делови на светот.
Една од најголемите атракции е американскиот директор Вуди Ален и неговиот последен филм „Полноќ во Париз“ во кој игра француската прва дама Карла Бруни.
Но, арапската политика, особено бранот анти-владини демонстрации во Северна Африка и на Блискиот исток, ќе остават значаен белег.
Фестивалот ќе му оддаде признание на Египет, како прва земја-гостин.
Следната недела, во Кан ќе биде прикажан „18 дена“ – серија кратки филмови од 10 египетски режисери за време на народното востание против долгогодишниот претседател Хосни Мубарак.
Таканаречената туниска „Револуција – Јасмин“ ја сочинуваат филмските остварувања „Не повеќе страв“ - документарец за јануарските протести во кои беше симнат од власт долгогодишниот претседател Зин ел Абидин Бен Али.
Во филмот се прикажани клучни учесници во тунискиот револт – вклучувајќи го поборникот за заштита на човекови права Радиа Насраои.
Во интервју за Гласот на Америка, Насраои рече дека заминувањето на Бен Али од власта е почеток на победата, иако таа била далеку од завршена работа.
Режисерот Мурат Чеик за агенцијата Франс-прес изјави дека неговиот наслов од последниот филм „Не повеќе страв“, се појавил на ѕидовите во Тунис за време на протестите – симболизирајќи го ѕидот на стравот, за кој тој рече, дека бил урнат.