Линкови за пристапност

Отворен е Kанскиот филмски фестивал


Директорот на фестивалот во Кан Тјери Фримакс, призна дека годинешните филмови немаат многу познати имиња

Фестивалот познат по неговата мешавина од високо-буџетни и независни филмски остварувања, започна со премиера на „Робин Худ“.

Голема помпа и интерес на билицови од апарати на папараците добија ѕвездите Кејт Бланшет и Расел Кроу, кои во Кан го промовираат најновиот филм за јунакот од Шервудската шума.

Гламур на црвениот ќилим, и филмови од голем профил се елементи кои се синоним за филмскиот фестивал во Кан.

Но како што филмовите имаат критичари, така имаат и фестивалите:

„Мислам дека Кан годинава има голем предизвик да го задржи нашиот интерес“, вели Мајк Гудриџ, кој се наоѓа во Кан како уредник на Скрин Интернешенал, публикација за филмската индустрија. Тој вели дека годинешните филмови не се на нивото на оние од минатите години:

„Нема многу возбудливи наслови како што имавме лани. Мината година имаше нов филм од Квентин Тарантино, од Гастар Но и од Ларс фон Триер. Новинарите беа возбудени за филмовите пред нивните премиери.Годинава нема таква енергија на фестивалот“, вели тој.

Гудриџ вели дека неколку очекувани филмови не се завршени пред почетокот на фестивалот во Кан и наместо тоа ќе ја имаат премиерата на филмскиот фестивал во Венеција.

Тој вели дека филмот „Робин Худ“ на режисерот Ридли Скот е добар избор поради ѕвездите Кејт Бланшет и Расел Кроу, но како слаба страна вели дека е фактот што „филмот го почнува патешетвието ширум светот викендов во 70 држави. Веќе беше покриен од медиумите. Повеќето критичари веќе го гледаа филмот. Повеќето медиуми веќе ги интервјуираа Расел Кроу и Кејт Бланшет“.

Директорот на фестивалот во Кан Тјери Фримакс, призна дека годинешните филмови немаат многу познати имиња. Но, тој вели дека тоа е можност за проширување на хоризонтот на присутните и на публиката со претставување нови имиња.

Канскиот филмски фестивал трае до 23-ти мај.

XS
SM
MD
LG