Линкови за пристапност

Нов крвен тест открива канцерогени клетки, тврдат научници


Нов крвен тест открива канцерогени клетки, тврдат научници
Нов крвен тест открива канцерогени клетки, тврдат научници

Според научниците, тестот може открие една единствена канцерогена клетка и ќе им овозможи на лекарите да го следат текот на болеста.

Екипа американски научници создала крвен тест што може да открие една единствена канцерогена клетка меѓу милијарди здрави.

Истражувачите од Бостон се надеваат дека ќе почнат истражувања со употреба на тестот уште годинава. Тие ќе соработуваат со меѓународниот гигант од областа на здравството, Џонсон и Џонсон, со цел тестот да стане достапен на пазарот.

Според научниците, тестот може открие една единствена канцерогена клетка и ќе им овозможи на лекарите да го следат текот на болеста. Неинвазивниот тест би можел да го промени третманот на пациентите за многу видови на рак, како на дојката, простатата, белите дробови и дебелото црево.

Тестот ќе им овозможи на лекарите да го прилагодат третманот за секој пациент посебно, со тоа што ќе може да проверат дали нивото на канцерогени клетки опаднало како последица на лекувањето. Тие исто така ќе бидат во можност да го прилагодат лекувањето и со истражување на генетиката на ќелиите.

XS
SM
MD
LG