Линкови за пристапност

Прва жртва на лондонските немири


Прва жртва на лондонските немири
Прва жртва на лондонските немири

Не стивнуваат нередите ширум Британија

Лицето кое беше застрелано во автомобил во Лондон им подлегна на повредите и стана прва жртва на тридневните нереди кои се проширија од главниот град во други делови од Британија.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го повика Парламентот да го прекине летниот одмор и тројно го зголеми бројот на полицајци во справувањето со кризата по улиците.

Камерон го прекина одморот во Италија и се врати во Лондон за да се справи со најголемите улични нереди во изминатите години. Згради, автомобили и автобуски станици останаа опожарени, а полицијата и млади хулигани трет ден по ред се вклучени во престрелки во неколку лондонски предградија.

Откако ги воочил оштетувањата, премиерот Камерон ги опиша опожарените згради како „акт што запрепастува“.

Тој истакна дека бројката на полицајци во Лондон ќе се зголеми од 6.000 на 16.000. Како преседан, синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Британија и Холандија беше откажан.

Ерупцијата на насилство се прошири и во три други британски градови, каде полицијата јави за подметнување пожар и вандализам во Бирмингем, Бристол и Ливерпул.

Причина за првиот бран насилство беше застрелувањето на 29 годишно момче од полицијата во економски сиромашното предградие Тотенхем минатата недела.

Мирољубивите демонстрации станаа насилни откако во саботата протестантите почнаа да фрлаат камења врз полицијата, уништуваа излози и опожарија автомобили и автобуси.

Полицијата јави дека досега се уапсени повеќе од 450 лица, а е покренато обвинение против 69-мина.

Триесет и пет полицајци се повредени, вклучувајќи и тројца полицајци кога се обидел да ги прегази автомобил додека приведувале лице.

Заменикот-премиер Ник Клег го оцени насиството „непотребно“ и „целосно неприфатливо“.

Секретарот за домашна безбедност Тереза Меј ги окарактеризира демонстрантите како „криминалци“.

Лондонскиот кварт Тотенхем е дом на бројни етнички малцинства и има историја на расни судири.

XS
SM
MD
LG