Линкови за пристапност

Ветувачки тестови за нов третман на мозочен удар


Новиот третман покажа добри резултати на тестовите на животни, а раните резултати на луѓе се охрабрувачки.

Во моментов има само еден вид третман за мозочен удар, активатор на ткивото - плазминоген. Тоа ги разбива згрутчувањата на крвта што предизвикуваат мозочен удар. Но тој мора да биде даден многу брзо откако ќе се јават симптомите, и лекарите прво мора да утврдат дека ударот не е предизвикан од пукнат крвен сад, во кој случај овој метод може да ја влоши ситуацијата.

Мајкл Тимијански и колегите во Истражувачкиот институт на Вестерн хоспитал во Канада направиле нов третман – лек познат како ПСД-95 инхибитор. Тој функционира така што блокира клучен протеин во синџирот на реакции што води до умирање на мозочните клетки.

„Со спречување на тој протеин, со имање лек што се врзува со него и го спречува да го прави тоа што обично го прави, ние спречуваме формација на токсични слободни радикали познати како азотен оксид. И како резултат на тоа, мозочните клетки што се третирани со овој лек стануваат поотпорни на удар.

Тимијански го направил истражувањето на мајмуни со мозок по сложеност сличен на нашиот:

„Животните кои беа третирани со плацебо добија масивни мозочни удари и имаа големи последици од тоа. Но животните кои примија лек имаа многу помали мозочни удари според снимките и многу подобро минаа невролошки.“

Тие охрабрувачки резултати веќе доведоа до тестирање на луѓе и Тимијански вели дека резултатите се веќе познати од првиот круг на тестови:

„Ние веќе знаеме дека кога лекот го даваме на луѓе и во иста доза, тоа го намалува оштетувањето на човечкиот мозок.“

Тимијански вели дека лекот ПСД-95 инхибитор исто така може да биде корисен за третирање на други мозочни повреди.

Резултатите од студијата се објавени во интернет изданието на журналот Природа.

XS
SM
MD
LG