Линкови за пристапност

БП досега потроши над три милијарди долари, а излеаната нафта и натаму се шири


Американската крајбрежна стража јави дека топки катран биле најдени на плажите на сојузната држава Тексас

Десет недели по експлозијата на нафтената платформа на Бритиш Петролеум во Мексиканскиот залив, компанијата јави дека трошоците за одговорот на најголемиот еколошки инцидент во историјата на земјата надминале 3 милијарди долари, но нафтата продолжува да се излева од дното.

Американската крајбрежна стража јави дека топки катран биле најдени на плажите на сојузната држава Тексас, која сега им се придружи и на соседните кои се погодени – Луизија, Мисисипи, Алабама и Флорида.

Количеството на нафта кое е пронајдено во Тексас е незначително споредено со онаа во другите сојузни држави долж Мексиканскиот залив и финансиската штета за нивните граѓани. БП вели дека обезбедиле 147 милиони долари за отштета на луѓето погодени во несреќата.

Напорите за чистење на излеаната нафта неделава беа стопираните поради немирното море и големите ветришта. Нов импулс во операцијата може да даде голем тајвански танкер, кој е опишан како најголемо пловило во светот за собирање нафта.

Откако мина половина свет за да стаса до крајната дестинација во Мексиканскиот залив, танкерот е подложен на тестирања и може да се вклучи во опрерацијата уште денеска.

XS
SM
MD
LG