Линкови за пристапност

БП привршува со цементирање на бунарот


Британската компанија издаде соопштение во кое вели дека операцијата била завршена како дел од таканаречената процедура „статик кил“, што исто така инволвира пумпање тешка кал во бунарот.

Нафтената компанија Бритиш Петролеум ја заврши постапката со пумпање цемент во бунарот во Мексиканскиот залив и се подготвуваат за следната фаза на напорите на компанијата за трајно запечатување на отворот од кој неколку месеци се излева нафта.

Британската компанија издаде соопштение во кое вели дека операцијата била завршена како дел од таканаречената процедура „статик кил“, што исто така инволвира пумпање тешка кал во бунарот. БП вели дека го надгледува бунарот за да се потврди ефикасноста на процедурата.

Владиното лице одговорно за справување со кризата, адмиралот на Крајбрежната стража во пензија, Тад Ален на репортерите им рече дека цементирањето треба да оневозможи натамошно истекување нафта во Заливот. Според него, потребни се 24 до 36 часа за зацврстување на цементот.

Ален рече дека нема да го смета за завршен процесот се` додека целосно не се наполни каналот со густа кал до дното и се цементира неговиот отвор.

XS
SM
MD
LG