Линкови за пристапност

Уништен експрес-лонец кај Конгресот


Во напуштено сомнително возило бил најден и уништен експрес-лонец, без опасност по околината

Екипа за демонтирање бомби во Вашингтон успешно уништи експрес-лонец за готвење најден во сомнително возило во близина на зградата на Конгресот во неделата.

Конгресната полиција изјави дека полицајците на рутинска патрола го забележале автомобилот и непријатната миризба од бензин. Властите велат дека тимот за демонтирање бомби ги уништил сите потенцијално опасни предмети во возилото, вклучувајќи го и лонецот.

Во соопштението по претресувањето на возилото не било пронајдено „ништо опасно“ .

Автомобилот бил паркиран во близина на локацијата каде се одржувал концертот по повод Денот на сеќавањето.

Сопственикот на возилото е уапсен по други основи. Откриено е дека возел со суспендирана возачка дозвола.

Има историја ваквите лонци за готвење да се користат за правење бомби.

XS
SM
MD
LG