Линкови за пристапност

Порака во брод направен од пластични шишиња


Порака во брод направен од пластични шишиња
Порака во брод направен од пластични шишиња

Британски авантурист носи порака пловејќи нив Тихиот Океан на 18 метри долг сплав направен од илјадници пластични шишиња.

Дејвид де Ротшилд со невообичаеното пловило сака да го сврти вниманието на загадувањето на океаните со пластика, истовремено презентирајќи и нова солуција за пловење.

31-годишниот Дејвид се надева дека ќе инспирира поголема заштита на океанските води со неговиот брод наречен „Пластики“.

„Ние сме на мисија да го победиме отпадот“ вели Ротшилд. „Проектот Пластики е можност да покажеме дека можеме да го пренамениме отпадот, наместо да завршуваат на нашите полиња, океани или во атмосферата“, додава авантуристот.

Откако го прочитал извештајот на ОН за проблемот со пластичниот отпад во океаните, овој наследник на банкарско богатство решил пда појде на експедиција за да привлече внимание за проблемот.

Името на бродот Пластики е рефлексија од Кон -Тики, пловилото што норвешкиот антрополог и авантурист Тор Хејердал го изгради за да го преплови Тихиот океан во 1947-ма.

Неговиот внук Олаф Хејердал беше еден од шесте членови на екипажот од првата етапа на Пластики – од Сан Франциско до Божиќното Острово.

На Ротшилд му биле потребни три години да го изгради Пластики.

Имаше денови кога сплавор едвај се движеше, кога речиси сте на исто место 24 часа, вели Ротшил. „Тоа станува ментален предизвик. Кога ќе почнете да мислите колку треба да минете – само 2.800 милји до Австралија - тоа бара дополнителна енергија да се стаса до целта“, раскажува авантуристот.

Екипажот на бродот живее на платформа од пластични шишиња, долга 18 а широка шест метри. Кога не пловат, пишуваат блогови на веб-страницата на Пластики, ставаат слики на Фликр и видео-материјал на Ју тјуб, а и одговараат на прашања на Фејсбук-страницата на бродот.

За експедицијата има голем и разновиден интерес. Екипажот, на пример, разговраше преку видео-врска преку мрежата Скајп со 150 деца од Музејот за наука и историја во Тексас.

Ротшилд првично планираше да го рециклира бродот во Австралија. Но, по меѓународниот бран на интерес, реши да продолжи да плови, најмалку уште неколку години. Прва привремена станица ќе биде австралискиот поморски музеј во пристаништето Дарлинг.

XS
SM
MD
LG