Истражни екипи понеделникот треба да започнат да вршат тестови врз голема група мртви птици кои паднаа врз мал град во САД кусо време пред настапувањето на новата година.
Истражителите веќе собраа дел од околу 1.000 мртви ќосови кои паднаа од небото на површина од околу еден километар во гратчето Бибе во сојузната држава Арканзас.
Стручњаците велат дека птиците можеби биле погодени од секавица или пак град на голема височина. Меѓу другите теории е и дека огномет причинил птиците да се вознемират, што довело до трагичен крај.
Се очекува крајниот збор треба да го дадат тестовите.